Утрински Весник
Македонија

Чулев на средба со Стаменковска-Стојковски за спроведување на кампањата „Фер избори, пријави притисок“

Чулев на средба со Стаменковска-Стојковски за спроведување на кампањата „Фер избори, пријави притисок“

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев имаше средба со дополнителната заменик-министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски, на која било разговарано за спроведување и имплементација на кампањата „Фер избори, пријави притисок”.

Како што се наведува во соопштението од МВР, притоа Чулев истакнал дека ќе се заложи за доследно спроведување на кампањата во целост во рамки на МВР.

– Заеднички беше констатирано дека притисокот врз вработените од сите сектори не е дозволив и дека оваа појава ќе биде санкционирана во согласност на законските прописи, се наведува во соопштението.

Дополнителниот заменик министер Стаменковска-Стојковски потенцираше дека МИОА, како што се посочува, интензивно презема активности за информирање и едукација, а ќе постапува и по сите пријави од страна на вработените во јавниот сектор. ев/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се занимава со сè и сешто, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Тој што има пари, има и слобода – Газдата на „Пуцко Петрол“ со два милиони евра сака да излезе од притвор

140.800 Македонци живеат со дијабетес – годишно се откриваат 7.500 нови случаи