Утрински Весник
Македонија

АВМУ ги откажа сите јавни настани до крајот на март

Трошоци на директорот на АВМУ за првата половина на 2019 година

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Согласно препораката на Владата за неодржување јавни масовни собири со цел превенција од појава и ширење на Ковид-19 (корона вирус), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека ги откажува сите јавни настани предвидени за месец март.

Како што се посочува во соопштението, се откажува конференцијата Медиумите и изборите: регулатива и пракса, влијание на дезинформациите врз резулатите од избори, која што требаше да се одржи на 23 март. Воедно, се откажуваат и планираните работилници со радиодифузерите, вклучувајќи ја и онаа за медиумското известување за време на изборната кампања, но, Агенцијата, како и досега, ќе биде континуирано достапна за сите прашања, телефонски или преку електронска адреса (списокот на вработени заедно со нивните контакт податоци е објавен на веб страницата на Агенцијата https://avmu.mk/contakti/).

– Во различни фази од изборниот процес, ќе се објавуваат соопштенија со потсетувања за обврските на радиодифузерите. Сите материјали поврзани со предвремените парламентарни избори 2020 ќе се објавуваат на веб страницата www.avmu.mk во банерот Избори 2020, наведуваат од АВМУ.

Првиот јавен состанок за 2020 година, предвиден за крајот на месецов, исто така, се одложува. За датумот на неговото одржување, Агенцијата навремено ќе ја информира јавноста и засегнатите страни. Седниците на Советот на Агенцијата, пак, како и досега, ќе можат да се следат во живо преку ЈуТјуб-каналот на Агенцијата, стои во соопштението. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места 

Андоновски – Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе биде најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реaкција, поведена е истрага