Утрински Весник
Македонија

Исчистено крајбрежјето на Охридското Езеро кај Љубаништа и „Свети Наум“

Исчистено крајбрежјето на Охридското Езеро кај Љубаништа и „Свети Наум“

Охрид, 10 март 2020 (МИА) – Околу 150 вреќи пластични шишиња, остатоци од друга пластична и картонска амбалажа и други видови цврст отпад, денеска биле подигнати од крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс „Свети Наум“.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот Фејсбук профил објави дека екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ го спровеле чистењето и собирање на отпадот кој како резултат на интензивните врнежи во водите на Езерото биле исфрлени преку реките кои се влеваат во овој дел од крајбрежјето.

Според Георгиески, активностите за чистење ќе се одвиваат и во следните денови поради големите количини отпад. Тој информира дека акцијата за чистење се одвива во координација со Инспекторатот од Општина Охрид и дека е издаден налог до концесионерите кои стопанисуваат со плажите во овој дел од крајбрежјето да спроведат итни активности за расчистување на истото. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија