Рим, 10 март 2020 (МИА) – Фудбалските федерации на неколку земји побараа од УЕФА да го одложи Европското фудбалско првенство 2020, објави италијанското издание на „Тутоспорт“.
Причина за ваквото барање е ситуацијата со коронавирус. Федерациите се надеваат дека ќе имаат можност да ги комплетираат национални првенства, на кои им се заканува прекин. Се наведува дека една од можните опции е да се одложи ЕП за следната година.
Во исто време, се посочува дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, е против оваа идеја. Тој се надева дека ќе постојат услови за одржување на Евро 2020 во предвидениот термин, од 12 јуни до 12 јули. зс/