– Во државата, има овластени здруженија за давање на примарна бесплатна правна помош, има регистар на адвокати, подрачни единици на Министерството за правда, каде што граѓаните можат да се обратат и за правни совети и за упатување, но и за добивање на т.н секундарна правна помош, односно да им се одобри адвокат, при што трошоците на постапката и адвокатот ќе ги плати државата. Наша цел е да ги промовираме тие новини, за што повеќе граѓани да дознаат за оваа законска регулатива и да се искористи, изјави проектниот координатор, Катерина Шојиќ од НРЦ.
Барателот на бесплатна правна помош треба да исполнуваат повеќе услови. Корисниците на бесплатна правна помош се ослободени од судски трошоци и од трошоци за вештачење. Во наредниот период ќе има и теренска посета во повеќе месни заедници во Куманово на кои граѓаните ќе се информираат за бенефитите од овој проект.
Проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории“, ќе се спроведува до декември низ повеќето градови во државата, меѓу кои Куманово, Кичево, Прилеп, Штип, Крива Паланка и Кочани. ам/сст/