Утрински Весник
Политички Партии
Img 7972

ДУИ ветува ветинг за неселективна правда

ДУИ ветува ветинг за неселективна правда
Img 7972

Скопје, 10 март 2020

Пред една година, со одлука на Централното претседателство и Генералниот совет на партијата, беше формирана работна група за проектирање на утрешното ДУИ,  и тоа внатре партиски, кадровски и програмски реформи, пре-регистрација на целото членство, ветинг во партијата, но и во политика, во судството и во обвинителството.
Како резултат на овој процес, се зачленија над 30.000 членови на ДУИ, се избра целосно нов Форум на младите, исто така целосно нов Форум на жените, над 90 % во приближно 500 локални совети беа избрани нови претседатели на совети и скоро 100% нови претседатели  во 36 ограноци низ целата земја.

За успешно да се заокружи овој процес, ДУИ организираше Kонгрес каде учествуваа над 4.000 лица и се избраа над 70 % нови членови на
Генералниот совет, со над 40 % учество на жените во сите партиски тела.

Но, ние сме многу сериозни и посветени на оваа реформа, и затоа нема да застанеме тука, туку ќе продолжиме и со списоците на кандидатите за пратеници.

Како што рече вчера претседателот Ахмети, над 90 % од кандидатите за пратеници се лица кои за прв пат ќе бидат избрани и претставуваат
поединци кои се успешни во своите професии и се почитувани во
општеството.

Исто како што остваривме ветинг во партијата за време на
пре-регистрацијата на нашето членство во нашите партиски тела, ќе
спроведеме ветинг и при составување на нашите списоци на пратеници и други функции.

Ги покануваме и другите страни да се приклучат на нашата иницијатива и да го сторат истото.

Истовремено, идното ДУИ е ангажирано за целосен ветинг и во политиката, во обвинителството, во судството. Ветингот претставува клучен столб на програмата на ДУИ за постигнување на неселективна правда, вистинско владеење на правото, транспарентност, борба против организираниот криминал и корупцијата, и враќање на довербата на граѓаните во интегритетот на институциите.

Има уште многу работа за воспоставување на неселективна правда во оваа земја. Но, ние сме подготвени да се соочиме и со овој предизвик и ги покануваме сите граѓани со заеднички сили да вложиме напори за општото добро на сите нас.

Правната предвидливост и владеењето на правото се основен предуслов за економски развој, за создавање на нови работни места и за поквалитетен живот, цели кои се исто така и наши приоритети.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт