Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Реал без Марсело и Куртоа на средбите со Манчестер сити и Еибар

Куртоа: Ако сакате да бидете голман на Реал, мора да ги прифатите тензиите
Img 7972

Мадрид, 10 март 2020 (МИА) – Голманот на Реал, Тибо Куртоа и дефанзивецот на мадридскиот клуб, Марсело нема да можат да играат во наредните недели. И двајцата играчи се повредија на натпревар со Бетис (1:2), викендот во рамките на 27. коло од Ла Лига.

Резултатите од медицинските прегледи потврдија дека Марсело и Куртоа нема да можат да учествуваат на натпреварите против Еибар (13 март од 28. коло од Ла Лига) и Манчестер Сити (17 март, реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите).

Од клубот не даваат прогноза за времето на закрепнување. Сепак, закрепнувањето на Куртоа може да се очекува да трае околу две седмици што значи дека тој ќе го пропушти и дуелот против Валенсија (21 март, 29. коло од Ла Лига). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер