Утрински Весник
Магазин

Песната за коронавирусот и миењето раце ја гледале повеќе од два милиони луѓе (видео)

Песната за коронавирусот и миењето раце ја гледале повеќе од два милиони луѓе (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

 

Ханој, 10 март 2020 (/) – Една од најважните мерки за заштита од коронавирусот е миењето раце. Младиот „инфлуенсер“ Куанг Данг од Виетнам осмисли посебен танц преку којшто децата на забавен начин може да се потсетат на навиката за миењето на рацете.

Идејата и проектот наидоа на поддршка од виетнамското Министерството за здравство. Данг, всушност, препеал веќе позната песна чијшто автор и самиот одлучи учествува во танц-предизвикот.

На апликацијата Тик-ток веќе има неколку стотици видеа на кои луѓе од цел свет ги следат движењата на танцот и пеат. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Тажен кактус“: Норвешка ја брани елката-подарок во Лондон

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес