Утрински Весник
Економија
Img 7972

Од Банско неделно се откупуваат над двесте илјади парчиња лути пиперки

Од Банско неделно се откупуваат над двесте илјади парчиња лути пиперки
300x250 opst2

Струмица, 10 март 2020 (МИА) – Од пластениците и оранжериите во селото Банско неделно се отупуваат над 200 илјади лути пиперки по цена од четири до шест денари за парче, информира Даме Тренчовски производител на оваа градинарска култура.

Задоволен е од откупните цени и посакува тие да се задржат на сегашното ниво.

-Досега берам три пати и можам да кажам дека немаме никаков проблем со пласманот. Некои, кои почнаа порано со производството, бројат и до десет берби, вели Тренчовски.

Иако шпицот на бербата е за десетина денови, додава, сепак побарувачката не стивнува.

-Може во наредните денови да се почувствува недостиг од лута пиперка, но тоа ќе трае кратко. За нас е важно сегашната отупна цена од пет денари за парче да се задржи во наредните два месеца и добро ќе е доколку не падне одеднаш, смета Тренчовски, еден од најголемите прозводители на лути пиперки во селото Банско.

Традиционално лутите пиперки од Банско се првата градинарска култура која се бере во Струмичко. Засега за неа има интерес од домашните пазари и од Косово.

Со одгледување на лутите пиперки производителите во Банско почнуваат во ноември, а благодарение на затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото производството стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Управата за јавни приходи и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак