Утрински Весник
Македонија

Засадени дрвца во ОУ „Димитар Миладинов“, почнува проектот „Иднина без пластика“

Засадени дрвца во ОУ „Димитар Миладинов“, почнува проектот „Иднина без пластика“

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Во дворот на основното училиште „Димитар Миладинов“ денеска беа засадени дрвца со што и официјално беше одбележан почетокот на проектот „Иднина без пластика“ што го финансира Министерството за надворешни работи на Бугарија во рамки на Бугарската оперативна програма за развој.

– Благодарение на Програмата за развој во 2018 година е обновена фасадата на училиштето и тоа сега има енергетски ефикасна фасада. И денес продолжуваме со важен проект со идеја да ги воспитуваме децата за тоа дека се зависи во какви околности живееме. Најважно е да ги опфатиме најмалите, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа денеска со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и министерот за животна средина на Република Северна Македонија, Насер Нуредини присуствуваше на настанот и заедно со децата од ова училиште ги засадија садниците.

Во рамки на проектот планирано е да бидат засадени над 200 садници и да се одржат презентации во пет училишта со цел поголем број деца да се едуцираат за заштита на животната средина. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме