Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите

Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите
Img 7972

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се надева дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања ќе продолжи со својата работа веднаш по завршување на парламентарните избори во земјава.

– Нашата позиција е јасна. Не сакаме да ги политизираме комисиите. Тоа е двостран процес. Тука ситуацијата е предизборна и тоа не е тајна за никого. Се надевам дека кога ќе завршат изборите, независно што ќе се случи на нив, веднаш комисијата ќе продолжи да работи затоа што тоа е исполнување на договорот што го потпишавме и покажува зрелост независно кој е на власт, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје.

Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.

– Имаше такви најави, но се надевам дека тоа е во знакот на предизборната кампања, рече Захариева. бак/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: 35 години ВМРО-ДПМНЕ Куманово – град на хероите, достоинството и силниот дух

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива