Утрински Весник
Македонија

Се намалуваат водостоите на реките

„Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж река Брегалница – 2019“

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од вчерашните и се во рамките на просекот за март. Исклучок се реките Брегалница, на мерното место кај Берово, и Струмица кај Ново Село, каде нивото е повисоко од вчерашното.

Последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчерашниот, но сепак е за четири сантиметри понизок од просечниот.

За 89 сантиметри понизок од просечниот е и водостојот на Преспанското Езеро иако е ист со вчерашниот. Исто ниво како вчера има и Дојранското Езеро, но е за 2,78 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври