Утрински Весник
Македонија

Ќе се разгледуваат евентуални нови мерки за заштита од коронавирусот

Негативни се резултатите на коронавирус на пациентка која утрово се јавила на Инфективната клиника по враќањето од Италија

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот денеска на седница ќе разгледаат евентуални нови мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на вирусот кои ќе ги достави како предлог до Владата.

Министерството за здравство соопшти дека министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

Евентуалните нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на коронавирусот, ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а владината одлука ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.

Министерството за здравство, исто така, информира дека здравствената состојба на сите седум пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, е стабилна.сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот