Утрински Весник
Македонија

Адаптација на објекти за мониторинг на Дојранското Eзеро

Адаптација на објекти за мониторинг на Дојранското Eзеро

Гевгелија, 10 март 2020 (МИА) – Со почетокот на адаптирањето и реконструкцијата на три објекти што ќе бидат наменети за подобрување на мониторингот на Дојранското Езеро, во Дојран почна реализацијата на проектот што има цел да го подобри управувањето на заштитените подрачја.

Ова денеска го најави градоначалникот на Дојран Анго Ангов.

– Објектите ќе имаат еднаков габарит и покрај подобрувањето на мониторингот на езерото ќе бидат наменети и за враќање на екосистемските услуги преку спроведување на мерки засновани на природата и подобрување на локалниот развој, појасни Ангов.

По адаптирањето и реконструкцијата на објектите ќе почне нивното ентериерно уредување со опрема и мебел. Планирано е да се постават туристички патокази и информативни знаци, како и да се уредат набљудувачници за птици кои би се поставиле покрај брегот на езерото.

Реализацијата на проектот финансиски е помогната од УНДП и Министерството за животна средина и просторно планирање. им/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал