Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Работен состанок на градоначалничката Петровска со Бертолини од мисијата на ЕУ во Скопје

Работен состанок на градоначалничката Петровска со Бертолини од мисијата на ЕУ во Скопје
300x250 opst2

Битола, 10 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола Наташа Петровска претпладнево во својот кабинет оствари работна средба со раководителот на секторот за соработка при Мисијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини.

На средбата во овој град, Бертолини бил информиран за предлог проектите што ги подготвува општинската администрација, а се однесуваат на замена на нееколошките системи на греење и јавниот транспорт.

-Предложените проекти се во согласност со препораките на ЕУ, а се однесуваат на заложбите државите да ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид. Во овој контекст, Општина Битола, предложи седум проекти од кои четири се однесуваат на замена на системите за греење, еден  за јавен транспорт, еден за фотоволтаични централи и еден за генератор на топлина, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита