Утрински Весник
Македонија

Владатa ќе ја одржи 15-та седница

Состанок на Акциската група за координација на институциите за борба против дезинформации и напади на демократијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Информацијата со предлог–постапки и мерки за приближување до европската регулатива, со кои ќе се овозможи царинска контрола при увоз на нафтата и нафтените деривати е меѓу точките од дневниот ред на денешната редовна, 15-та седница на Владата.
Како што соопшти владината прес-служба, Министерство за надворешни работи на седницата ќе ја презентира информацијата за новиот статус на Република Северна Македонија – придружна членка во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА).
На предлог на Министерство за финансии, Владата ќе се произнесе за информацијата во врска со склучување Меморандум за соработка заради одржување на финансиска стабилност, за кој се предлага да го потпишат Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Фондот за осигурување на депозити.

На денешната седница, закажана за 12 часот, ќе биде разгледана и информацијата за спроведување на Проектот „Грантова шема за регионален развој и постигнати резултати“ што доаѓа како предлог на Министерство за локална самоуправа. мд/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари