Утрински Весник
Македонија

Отстранета карпата која го попречуваше сообраќајот на патот Делчево – Кочани кај Истибања

Отстранета карпата која го попречуваше сообраќајот на патот Делчево – Кочани кај Истибања

Делчево, 10 март 2020 (МИА) – Отстранета е карпата тешка четири тона која го попречуваше движењето на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани кај село Истибања. Такси превозници кои сообраќаат на релација Делчево – Скопје потврдија дека патот е чист и дека утрово немало поголеми проблеми со нови одрони на коловозот.

-Состојбата е добра, на патот не наидовме на поголеми проблеми со одрони, освен неколку ситни камчиња кои се наоѓаат на неколку места од делницата М.Каменица – Кочани и од Делчево до М.Каменица, информираат такси превозниците.

Од „Македонија пат“, сепак, препорачуваат и понатаму внимателно возење.

– Делницата се уште е влажна и поради огромните количини дожд кои наврнаа се очекува во текот на денот да има слична ситуација. Затоа и понатаму апелот е внимателно да се вози и доколку возачите забележат поголеми проблеми веднаш да не известат, велат од „Македонија пат“.

Од утрово во Пијанечко-малешевскиот крај на одредени места се вози по влажни коловози и на места под снег. Снежни паѓа во Делчево, Пехчево и Берово, но не се задржува предолго на коловозите. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Манасиевски: Поради ниските рејтинзи СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

Николоски: Следната година првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, работиме и на железничко поврзување на Скопје со Албанија