Утрински Весник
Македонија

Проект „Иднина без пластика“

Акција за садење дрвја во Општина Аеродром

Скопје, 10 март 2020 (МИА) –  Со засадување садници во дворот на ОУ „Димитар Миладинов“ Скопје, денеска официјално од делегации на Северна Македонија и Бугарија ќе биде означен почетокот на проектот „Иднина без пластика“.

На настанот ќе присуствуваат министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева, бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов, специјалната координаторка за Берлинскиот процес при бугарското МНР Даниела Будинова, како и министрите за надворешни работи Никола Димитров, за здравство Венко Филипче и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Проектот „Иднина без пластика“ е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Бугарија во рамките на Бугарската оперативна програма за развој. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Наместо еднаков третман за сите, Владата прави унгарски монопол на авиосообраќајот со македонски субвенции и се фали со тоа

ВЛЕН: Груби пред судот, Ахмети под притисок, а Бујар ја чека фотелјата на претседателот на ДУИ 

ДУИ: Четири месеци молк од Бурим Латифи за штетата од 19,3 милиони евра – до каде стигнаа Обвинителството и Антикорупциска со скандалот во МЕПСО