Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Скопје денеска во Крива Паланка ќе одржи отворен ден со граѓани за подигнување на свеста за ефектите од локална корупција.
На отворениот ден граѓаните и граѓанските организации од Североистокот ќе можат да разговараат со претседателката на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска и со главниот државен ревизор Максмим Ацевски. Клубот на млади лекари од Скопје ќе даде поддршка на овој отворен настан со бесплатни совети за населението од Североистокот за заштита од корона вирусот, бесплатни мерења на притисок и општи здравствени совети.
Истражувачките новинари на ИРЛ заедно со тим на млади продуценти кои досега немале шанса да работат во македонските телевизии ќе патува низ повеќе региони во земјава, почнувајќи од Североисточниот регион, Полошкиот и Југоисточниот кои се планирани да се минат оваа пролет.
Целта е да анимираат граѓаните во борбата со корупцијата и криминалот и да се поддржат напорите на независните институции за расветлување локална корупција. Мотото на проектот е „Бори се со нас“.сст/са/