Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил го најави почетокот на 24. Конгрес на партијата.
-Подготвени за #Конгрес24 на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Денеска носиме големи одлуки. Важни за иднината на државата и за иднината на партијата, напиша Заев на Фејсбук.
На овој Конгрес во пресрет на предвремените парламенатрни избори, СДСМ треба да ги објави кандидатските листи за пратеници.
Конгресот ќе има отворен и работен дел. Отворениот дел ќе биде на почеток и на крајот од Конгресот.
На почеток, во отворениот дел од Конгресот предвидено е обраќање на лидерот на СДСМ Заев, а тој ќе има обраќање и на крајот на конгресот. дма/сст/