Утрински Весник
Политички Партии

Стоилковски: Филипче и Хасани признаа, ДКСК веднаш да постапи за високиот корупциски скандал Шпанско село 2

Стоилковски: Филипче и Хасани признаа, ДКСК веднаш да постапи за високиот корупциски скандал Шпанско село 2

Скопје, 9 март 2020

Спектакуларно избраниот состав на овој орган за заштита од корупцијата, за скандалот Шпанско Село 2 се уште нема ниту збор. Пред три недели побарав од ДКСК да отвори случај за Касарната на Филипче. Од тогаш до сега Касарната се претвори во цело Шпанско село на 15.500 м2, ама за ДКСК очигледно нема потреба од делување.

Скандалот Шпанско село 2 доби потврда од министерот Венко Филипче, доби потврда и од директорот на клиника Илир Хасани. Двајцата потпишувале набавки во милионски износи во евра со компанија на човек кој што е сосопственик и соинвеститор на градежни плацеви со семејството на Филипче и директно со Хасани. Нивниот партнер во Шпанско Село 2 за медиумите признава дека е сопственик на компанијата добитник на тендерите.

Од министерството за здравство под Филипче и од Илир Хасани како директор се излеани околу 8 милиони евра за компанијата на нивниот семеен сосопственик и партер во градењето на Шпанско село 2. Сето ова е поткрепено од јавно достапни документи за јавни набавки и јавните катастарски податоци, како и од нивни изјави и соопштенија.

Антикорупционерите имаат чист случај и укажуваме на можноста веднаш успешно да отворат и да затворат барем еден висок корупциски скандал, за споменикот на Рекетот и Корупцијата Шпанско Село 2.

Прашање: Ваш коментар за директорката заболена од корона вирус?

Одговор: Венко Филипче со еден директор на клиника дели тендери, со друг директор на клиника ја шири болеста. Ова е врв на неодговорност, поттикната и од однесувањето на министерот. Директор и тоа на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, во ек на епидемија да замине на туристичко патување во епицентарот на корона вирусот во Европа, на северот на Италија. Потоа, две недели се движела меѓу граѓаните, одела на работа на клиниката, контактирала со медицинскиот персонал и пациентите, носејќи го и ширејќи го вирусот, БЕЗ

НИКАКВА САНКЦИЈА. Директорката Цаца Биљановска немала никаква санкција за своето однесување и две недели со леснотија имала можност да ја шири заразата, се заради неодговорноста на Венко Филипче. Во овие моменти кога опасноста од ширење на болеста е се поголема заради неодговорноста на Филипче и неговиот тим директори, инсистираме на итни и неодложни оставки на директорката Цаца Биљановска и Венко Филипче.

Изјава за медиуми на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт