Утрински Весник
Македонија

Соработка меѓу општините Могила и Малик од Албанија

Соработка меѓу општините Могила и Малик од Албанија

Могила, 9 март 2020 (МИА) – Пелагониската Општина Могила и албанската Малик потпишаа Договор за соработка во рамки на проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“.

Според договорот, двете општини ќе се фокусираат на изградба и одржување на секундарна и терцијарна мрежа за наводнување и дренажа.

Општина Могила и Општина Малик во рамки на проектот ќе развиваат и дигитална платформа за рано предупредување и навремена заштитаод поплави или други елементарни непогоди кои во Пелагонија се од интерес на околу 12 илјади земјоделци и други агро производители, а идентичен е интересот и на граѓаните кои живеат во албанската општина.

Од Општина Могила посочуваат паралелно со реализацијата на проектот граѓаните да ги почитуваат препораките на тамошната локална самоуправа, односно континуирана грижа за каналската мрежа, да не се фрлаат отпадоци, да не се затрупуваат ниту узурпираат отворени одводни канали кои би го попречиле слободниот проток на дождовна или друга вода. мт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер