Утрински Весник
Македонија

Во карбинското село Крупиште се градат улици

Во карбинското село Крупиште се градат улици
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 9 март 2020 (МИА) – Во карбинското село Крупиште во тек е реконструкција на две улици во должина од еден километар. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека инвестицијата е над 23.500.000 денари, од кои речиси 20 милиони денари се средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството, а од остантите околу четири милиони се од општинскиот буџет.

-Проектот опфаќа реконструкција на две улици во вкупна должина од 976 метри, со широчина на коловозот од шест метри и тротоари од двете страни на улицата со широчина по 1,5 метри, како и изградба на атмосферска канализација во вкупна должина од 1.003 метри, изјави  Насев и нагласи дека во моментов градежниот изведувач работи на поставување на тротоарите.

Тој истакна дека со средствата од проектот „Македонија без кал“, од страна на Владата добиваат 670.000 евра, а половина од овие средства ќе се инвестираат во локалниот пат Таринци-Долни Балван. Овој пат, потенцира, е важен не само за поврзување на жителите со новиот експресен пат Штип-Кочани, туку и за обезбедување на квалитетна патна инфратруктура до Индустриската зона.

– Приоритет број еден за општината  е реконструкцијата на патот Таринци-Долни Балван да се прошири коловозот, да се стави осветлување и да се направи пешачка патека. Вредноста на овој проект е 300.000 евра, посочи Насев.

Со останатите средства, како што кажа, ќе се изградат улици со комплетна инфраструктура во должина од три километри во селата Долни Балван, Таринци и Карбинци. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен