Утрински Весник
Политички Партии

ДУИ: Предучилишно образование и градинки во секоја населба

ДУИ: Предучилишно образование и градинки во секоја населба

9 март 2020

Јас сум Шермине Махмуди. Нова сум во политиката и исто така нова во ДУИ.
Па, дозволете да се претставам. Јас сум мајка на 2 деца. Работам како
директорка на приватна фирма за социјална заштита. Исто така сум дел од
мрежата на Невладини организации каде се занимавам со едукација и обука
на мајки, со што им помагам да се соочуваат со нивните предизвици. Тесно
соработувајќи со нив, многу добро ги познавам проблемите и предизвиците
на жените кои се активни и работат, а исто така и проблемите на нашиот
образовен систем. Ова е една од главните причини што решив да се вклучам
во политиката и во  ДУИ. Затоа што сакам да ја пружам мојата
професионалност и страста што ја имам кон оваа област, и да помогнам во
подобрување на состојбата во нашето општество, особено за децата и
семејствата.

Денес, јас стојам пред вас како жена во политиката и горда сум да ве
запознам со планот на ДУИ за следниот мандат, кој не само што ќе го
подобри образованието на нашите деца, туку ќе им овозможи и на
родителите да се посветат на своите кариери, особено младите жени, на
кои ќе им се обезбеди средина во којашто можат подобро да ја усогласат
својата работа и семејство

Ние, Демократската унија за интеграција, ќе воведеме задолжително
предучилишно образование почнувајќи од четиригодишната возраст на
децата, и ќе инвестираме значителни ресурси во изградба на градинки и
центри за ран детски развој, секаде каде што нема. Како на пример тука
во Сарај, каде што планираме наскоро да ја отвориме оваа градинка.

Паралелно, ќе инвестираме во создавање квалитетни програми за рано учење
и развој. Бидејќи силно сум убедена дека градинките не треба да бидат
само место за грижа за децата, туку и за нивно образование и развој.
Овие мерки значително ќе им помогнат и на родителите да можат
истовремено да се посветат н својата кариера и да инвестираат во својот
потенцијал, паралелно водејќи сметка и за своите деца.

Раниот детски развој е исклучително важен за нивниот по натамошен
напредок во животот, бидејќи влијае на побрз и подобар развој на
мозокот, со оглед на тоа што мозокот кај децата од 80 до 85%, се развива
во раното детство до пет години, а со тоа се зголемува и нивната
подготвеност за училиште и за подоцнежен живот.

Студиите покажуваат дека учениците постигнуваат подобри резултати во
ПИСА доколку одат на предучилишно образование. Глобалниот извештај на
предучилишна образование на УНИЦЕФ покажува дека децата кои посетувале
најмалку една година предучилишно образование имаат поголема веројатност
да развијат вештини за критичко размислување, кое им е потребно за
понатамошен успех во училиште. Студиите исто така покажуваат дека овие
деца се со помала веројатност да ја повторат годината или да го напуштат
училиштето, а резултатите од студиите исто така велат дека како што
созреваат, поголеми се шансите тие да придонесуваат за успешно општество
и економија.

Високо квалитетни програми за образование во раното детство, имаат
значително позитивно влијание врз натамошниот развој на децата, а во
исто време овозможувајќи им на сиромашните семејства да имаат еднаков
образовен почеток.

Нашата земја бележи подобрување во запишувањето во предучилишните
установи, од 22% во 2012 година на 35% во 2017 година, но сепак, далеку
сме од нивото во ЕУ каде запишувањето на деца во предучилишно
образование е 95%. Немаме доволно градини, особено во сиромашните
рурални области, каде што се најпотребни.

Во исто време, многу семејства поради нивниот динамичен живот и
ангажирањето за подобра благосостојба, немаат доволно време да им се
посветат на децата.

Поради тоа, многу деца немаат можност да ги развиваат вештините и да го
зголемат својот потенцијал. Затоа поддршката на семејствата во едукација
на деца во ран детски развој е еден висок приоритет за ДУИ.

Со оглед на важноста на развојот во раното детство, како политичка
партија, ние ќе се обидеме да обезбедиме задолжително предучилишно
образование за децата, почнувајќи од четиригодишна возраст, секако без
дополнителни трошоци за семејствата. Со оваа можност, ние ја поставивме
основата врз која ќе се гради успешна образовна кариера, на секое дете
во нашата земја, истовремено осигурувајќи дека образованието, повеќе не
зависи од географското и социо – економското опкружување во кое живеат,
и да се осигурам дека ниту едно дете нема да остане без соодветно
образование.

На овој начин ќе ги подготвуваме нашите деца да се прилагодат на идните
барања и да обезбедат подобар живот. Со зголемувањето на бројот на
градинки и предучилишни установи, особено во руралните области, ги
охрабруваме и ги подржуваме родителите да продолжат со својата кариера и
да го подобрат квалитетот на нивниот живот.

Демократска унија за интеграција

_________________________________________________________________________________________

 МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт