Утрински Весник
Македонија

Патничките возови дезинфицирани за заштита од коронавирус

Патничките возови дезинфицирани за заштита од коронавирус

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Се дезинфицираат патничките возовите што се во оптек, како превенција од ширење на вирусот Ковид-19. Специјализиран тим, како што соопштуваат од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД – Скопје, дезинфекцијата ја извршил денеска на четири гарнитури и четири вагони што превезуваат патници на различни релации.

-Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, како општествено одговорна компанија, се приклучи на иницијативата за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 познат како Корона вирус, откако Владата донесе мерки за превенција од вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, информираат од претпријатието.

Акцијата е започната денеска за превентивна дезинфекција против ширењето на овој вирус, а по потреба ќе се спроведе повторно.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче