Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

Затвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет за „Еразмус“

Затвор од две до 2,5 години за професори од Економски факултет за „Еразмус“
Img 7972

Скопје, 9 февруари 2020 (МИА) – Професорите на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание,Стојан Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Драган Денковски за давање поткуп. бк/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт