Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во село Русиново ќе се гради канализација и нова улица

Во село Русиново ќе се гради канализација и нова улица
300x250 opst2

Берово, 9 март 2020 (МИА) – Жителите на улицата „4“ во село Русиново наскоро ќе добијат нов канализационен систем, најави беровскиот градоначалник Звонко Пекевски на заедничка средба со локалните жителите, при што информира дека градежните работи за реализација на оваа активност ќе започнат во текот на оваа недела.

– Изградбата на канализација е мошне важна за жителите на село Русиново и е вистински доказ дека конечно имаме администрација која ги слуша, гледа и сфаќа потребите на своите граѓани. Во рамки на градежните работи за изградба на канализациониот систем предвидено е инсталирање на канализациски канали од околу 170 метри должина, информираа од општината.

По изградбата на канализациониот систем како што додадоа ќе се пристапи кон асфалтирање на улицата „4“.

– Улицата „4“ ќе биде асфалтирана во должина од 300 метри, ќе биде широка 3,5 метри. Со реализацијата на градежните работи конечно ќе се стави крај на газењето кал во овој дел од село Русиново, додадоа од Општината.

Нови улици неодамна од Општината најавија и во останатите населени места во Беровско. вс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утревечер ѕвездено небо над Штип во чест на Панчо, светлината што никогаш нема да згасне

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби