Утрински Весник
Македонија

Четврти случај на коронавирус, заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Нема нови тестирани за коронавирус, да се почитуваат препораките за заштита

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

– Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата. рп/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер