Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка наврна снег, но се топи и не е за скијање

На Попова Шапка наврна снег, но се топи и не е за скијање

Тетово, 9 март 2020 (МИА) – Во деновите од викендот на зимскиот центар Попова Шапка наврнаа нови 40-тина сантиметри снег, но временските услови не дозволуваат да започне скијачката сезона.

Од „ЕЛЕМ Турс“ подружница-скијачки центар „Попова Шапка“ велат дека топењето на снегот не дозволува да се третира со тапкачи (ратраци).

– Причината се високите температури кои не дозволуваат снегот да опстои, односно веднаш се топи. Така снежната покривка е мека и при поминување со специјалната машина за тапкање на снег се намалува. Со тоа нема доволна висина на снежната покривка за скијање, изјави директорот на скијачкиот центар „Попова Шапка“, Живе Алексовски.

И на почетокот на февруари два дена по ред врнеше снег на Попова Шапка, но тогаш силниот ветер ја оддува снежната покривка и не дозволи да има скијачка сезона.

На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Поради неможноста скијачите да ја корисат, таа може да послужи само за панорамско разгледување. ас/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството во стабилен и политички независен здравствен систем