Скопје, 9 март 2020
Мерките и политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев во континуитет покажуваат успешност.
Државниот завод за статистика ги објави податоците за растечкиот тренд на бруто-домашниот производ (БДП), кој во последниот квартал на 2019 година во однос на истиот квартал во 2018 година, е повисок за 3,4%, а вкупниот раст на БДП за 2019 година изнесува 3,6% што ја надминува проектираната стапка од 3,5%.
Со ова се потврдува дека економските политики на Владата предводена од СДСМ дадоа дополнителен импулс за позитивните економските параметри.
Значителниот раст на БДП не ја надмина само владината проекција, туку и таа на Меѓународниот монетарен фонд и на Светска банка.
Уште еден илустративен податок за растот на БДП е дека Северна Македонија е на осмо место по раст, на табелата од 38 земји од Европската Унија и регионот, и тоа пред Бугарија, Кипар, Хрватска, Чешка, Словенија и други земји членки на унијата.
Економските и финансиските политики на Владата на Северна Македонија даваат резултати и го одржуваат трендот на стабилен раст на нашата економија. Така и ќе продолжиме во иднина.
Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 16,6%, додека вработеноста е на највисоко ниво досега од 47,9%. Споредено помеѓу последниот квартал во 2019-та и на истиот квартал во 2016-та, кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ, има 76.255 повеќе вработени.
Владата на СДСМ успеа да ја стабилизира ставката на јавниот долг, при што долгот е помал од креираната нова вредност, односно под економскиот раст, додека растот на бруто-домашниот производ се реализира преку широк спектар на активности.
Сите овие позитивни бројки ги создадовме во скратен мандат од две и пол години. Во следниот мандат продолжуваме одговорно и посветено да се грижиме за економијата и за животниот стандард на граѓаните за да им обезбедиме поквалитетен живот во нашата држава.
СДСМ
________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.