Утрински Весник
Спорт

Вардар триумфално против Нексе во Нашице

Вардар триумфално против Нексе во Нашице

Нашице, 8 март 2020 (МИА) – Ракометарите на Вардар го совладаа Нексе во Нашице со 31:30 во првиот четвртфинален меч во регионалната СЕХА лига.

Најефикасен кај „црвен-црните“ беше Тимур Дибиров со 12 гола, Сташ Скубе даде шест. Прв стрелец во поразената екипа беше Пешиќ со седум гола.

Реваншот меѓу Вардар и Нексе е наредната недела во Скопје. Победникот во четврт-финалната серија ќе се пласира на Фајналфор турнирот во Задар од 3 до 5 април. сѓд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград