Утрински Весник
Политички Партии

ТДП донесе одлука за предизборна коалиција со СДСМ

ТДП донесе одлука за предизборна коалиција со СДСМ

9 март 2020

Демократската Партија на Турците (ТДП) денеска на седниците на Централниот Управен Одбор и на Централното Собрание на партијата, во врска со Предвремените Парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година, донесе одлука за предизборна коалиција со СДСМ и ги избра кандидатите за пратеници во шестата и четвртата изборна единица.

 На овие состаноци, претседателот на ТДП Др. Бејџан Илјас на членовите на ЦУО и ЦС им ги пренесе информациите околу средбите со партиите кои покажаа интерес за предизборна коалиција, со тоа што беа истакнати предлозите добиени на тие средби.

После деталната неколкучасовна расправа и дебата на членовите на ЦУО и ЦС, Демократската Партија на Турците (ТДП) донесе едногласна одлука за предизборна коалиција со СДСМ на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година.

 Истовремено на седницата на Централното Собрание на партијата за кандидати за пратеници на престојните предвремени парламентарни избори, едногласно беа избрани, во шестата изборна единица Претседателот на партијата Др. Бејџан Илјас, а во четвртата изборна единица Генералниот Секретар на партијата  Енвер Хусеин. 

 Информативен центар на ТДП

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт