Утрински Весник
Магазин

Најголем собир на Штрумфови во светот

Најголем собир на Штрумфови во светот

Париз, 8 март 2020 (/) – Организаторите на карневалот во Ландерно  во Бретања се задоволни, бидејќи успеаја да го соборот светскиот рекорд за најголем собир на Штрумфови, јави дописникот на /.

Според пребројувањето, кое сè уште мора да биде потврдено од судски извршител, кој своите заклучоци ќе ги испрати до Гинисовата книга на рекорди, околу 3.500 лица преправени според многу строги критериуми како Штрумфови, Штрумфета или дури и Веле Штрумфот, одговориле на повикот.

Досега рекордот го имаше градот Лаухринген, во Германија, кој минатата година успеа да собере 2.762 Штрумфови. Собирот се одржа и покрај ризикот од новиот коронавирус, за кој учесниците со многу хумор рекоа дека ќе го „штрумфираат“. тг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување