Утрински Весник
Спорт

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Мауро Кавицел

Кристалниот глобус во супервелеслалом за Мауро Кавицел

Квитфјел, 8 март 2020 (МИА) – Лошите временски услови во Квитфјел го откажаа последниот супервелеслалом во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање, трката во Кортина д’Ампецо беше откажана од претходно, па малиот Кристален глобус во дисциплината му припадна на Швајцарецот Мауро Кавицел.
До титулата во супервелеслалом стигна со 365 бода, само три повеќе од Винсент Крихмаер.
Во генералниот пласман води Норвежанецот Александер Килде кој има 54 бода предност во однос на Алексис Пинтуро од Франција и 161 од сонародникот Хенрик Кристоферсен на третото место.
Скијачката сезона кај мажите ќе финишира наредниот викенд со слалом и велеслалом во Крањска Гора, иако двете трки се неисвесни поради опасноста од ширење на коронавирусот во земјата. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград