Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1 ќе се одржи без публика

Трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1 ќе се одржи без публика
Img 7972

Бахреин, 8 март 2020 (МИА) – Формула 1 трката за Големата награда на Бахреин ќе се вози без присуство на публика порад опасноста од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите на настанот.

Во консултација со меѓународните партнери и националната здравствена служба, Бахреин донесе одлука да нема гледалчи на годинашното гранпри.

– Земајќи го предвид ширењето на коронавирусот, би било неисправно да биде отворена трката за која илјадници странски патници доаѓаат во блиска интеракција“ се наведува во соопштението.

Трката за Големата награда на Бахреин е закажана на 22 март, една недела по воведната трка во новата сезона за ГН на Австралија (15 март). сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути