Утрински Весник
Македонија

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија

Двајца македонски државјани повредени во сообраќајка во Албанија

Тирана, 8 март 2020 (МИА) – Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа што претпладнево се случила во близина на албанскиот град Либражд.

Во сообраќајката се повредени уште три други лица, албански државјани.

Во сообраќајната несреќа, што се случи на патниот правец Либражд – Елбасан, повредени се македонските државјани Џ.Х. и Л.Х.од Скопје, З.К. и А.К. од Либражад и С.Д. од Тирана, додека Н.Б. поминал без повреди. За среќа сите повредени се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.

Увидна екипа е на местото каде се случила сообраќајната несреќа, која треба да потврди која е причина што довела до судир на двете возила.

Според медиумите, најверојатно причина за сообраќајката е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење. вт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста