Утрински Весник
Македонија

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“

Марш за правата на жените под слоганот „Ти не си виновна!“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, денеска напладне во Скопје под слоганот „Ти не си виновна!“ ќе почне четвртиот марш за правата на жените.

Настанот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, а оваа година поттикнати од случајот „Јавна Соба“, ќе маршираат гласно и недвосмислено за жртвите на родово базирано насилство.

Маршот, како што наведуваат организаторите, ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од плоштадот „Филип Втори“, преку Камениот Мост, плоштад „Македонија“ до паркот „Жена Борец“, и ќе завршат со перформанс за поддршка на жртвите.

-Оваа година маршираме под слоганот „Ти не си виновна!“, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за општествените појави и системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост. бт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска – Давкова: Потребен е национален консензус и гаранции за евроинтеграциите

(Видео) Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош

66-годишен маж нападнат од синовите