Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно со локални врнежи од дожд

Променливо облачно време, со врнежи во западните делови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Локално во југоисточните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната од 4 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Облачно и свежо со врнежи од дожд ќе биде и во понеделник, со пообилни врнежи во источните делови. Потоа, од вторник во текот на денот ќе настапи стабилизација на временската состојба, од среда и со значителен пораст на дневната температура. вг/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнуваат пообилни врнежи од дожд и од снег

Намалена видливост поради магла на патните правци Страцин – Кратово, Скопје -Тетово, Велес -Скопје и Куманово -Скопје

Променливо облачно со утринска магла, попладне дожд