Утрински Весник
Спорт

Паника во Ајакс, Поулсен во изолација

Паника во Ајакс, Поулсен во изолација

Амстердам, 7 март 2020 (МИА) – Според британски „Мирор“, Кристијан Поулсен моментно се наоѓа во изолација што предизвикало паника меѓу „копјаниците“.
Поранешниот дански фудбалер, наведува весникот, кој некогаш играше за Ливерпул и за Ајакс и сега е член на стручниот штаб на холандскиот тим, бил во контакт со лице заразено со новиот коронавирус.
Покрај Поулсен, во изолација се ставени и кондицискиот тренер Алесандро Шенмајкер и физиотерапевтот на клубот. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС