Утрински Весник
Спорт

Баер си поигра со Ајнтрахт во Бундеслигата

Баер си поигра со Ајнтрахт во Бундеслигата

Леверкузен, 7 март 2020 (МИА) – Баер ја забележа најубедливата победа попладнево во мечевите од 25. коло во Бундеслигата. На „Бај арена“ во Леверкузен „настрада“ Ајнтрахт со 4:0.
По еден гол постигнаа Хаверц во четвртата минута и Белараби во 14. минута, а двапати во листата на стрелци се запиша Паулињо во 49. и во 55. минута.
Баер со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата со 47 бода.
Бундеслига, 25 коло, резултати
Баер Л. – Ајнтрахт Ф. 4:0
Херта – Вердер 2:2
Фрајбург – Унион Берлин 3:1
Шалке – Хофенхајм 1:1
Волфсбург – Лајпциг 0:0
Падерборн – Келн 1:2
Табела: Баерн М. 52 (-1), Лајпциг 50, Борусија Д. 48 (-1), Баер Л. 47, Борусија М. 46 (-1), Шалке 37, итн. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност