Утрински Весник
Економија

При онлајн купување додатоци во исхрана, да се провери дали производот е одобрен од АХВ

АХВ: ЕК даде одлична оценка за напредокот во делот на безбедноста на храната и фитосанитарната политика

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Граѓаните да внимаваат при купување на прехранбени производи преку интернет и да вршат проверка особено на производите како додатоци во исхраната, храна за диети, чаеви и слични производи наменети за специфични категории потрошувачи, како што се малите деца и спортистите, апелираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Потрошувачите може да проверат дали одреден производ кој планираат електронски да го набават, е одобрен од АХВ, а со тоа е и безбеден за употреба на интернет страната на Агенцијата www.fva.gov.mk, во Регистарот на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како додатоци на исхрана и Регистар на производи кои ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба.

Според анализите на Одделението за спречување на измами со храна при АХВ, во овој период исклучително е популарна продажба на храна за спортисти, која покрај регистрирани увозници и трговци нелегално се продава и преку социјалните мрежи.

– Ваквите производи покрај тоа што претставуваат нелојална конкуренција на легалните домашни производители, увозници и трговци, сериозно може да го загрозат здравјето на граѓаните. Апелираме до потрошувачите да се воздржат од набавка на овој тип храна преку социјалните мрежи, каде таа најчесто нелегално се нуди и продава, се вели во соопштението од АХВ.

Од АХВ апелираат граѓаните да ја пријават секоја нелегална продажба на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk. аа/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

КСС склучува историски договори, ССМ се фокусира на политички амбиции вели Стојаноски