Утрински Весник
Спорт

Руни: На Јунајтед му требаат две-три години да се врати во врвот

Руни: На Јунајтед му требаат две-три години да се врати во врвот

Манчестер, 6 март 2020 (МИА) – Вејн Руни смета дека на Манчестер му требаат две-три години за да се врати во врвот на англискиот фудбал. Тој го предводеше Дерби Каунти во синоќешниот меч во осминафиналето во ФА купот во кој „црвените ѓаволи“ славеа со 3:0.

Јунајтед практично е во криза од 2013 година и заминувањето на сер Алекс Фергусон, а, според поранешниот напаѓач на Манчестер и на Евертон, на екипата и требаат неколку години да биде конкурентна во борбата за шампионската титула со Сити и со Ливерпул.

„Мора да ангажираат некои фудбалери и истовремено да се откажат од некои. Тоа не може да се случи брзо. Се обидуваа и во Луј ван Гал, па со Жозе Мурињо. Погледнете го Ливерпул, изградија тим“, рече Руни.

Манчестер Ј. во моментот е на петото место на табелата во Премиер лигата, осминафиналист е во Лига Европа и четвртфиналист во ФА купот. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити