Утрински Весник
Македонија

Повреден возач кој со автомобил излетал од патот Тетово-Скопје

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција

Тетово, 6 март 2020 (МИА) -Дваесет и седумгодишник од тетовска Брвеница е повреден попладневво откако со неговото возило излетал од коловозната лента на автопатот Скопје-Тетово.

-Околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај Добарски натпатник излетало од коловозната лента возило марка „Пежо 207“ со тетовски регистерски ознаки. До незгодата дошло кога возачот В.Б (27) од Брвеница изгубил контрола и излетал од автопатот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесет и седумгодишникот бил сам во возилото. Бил пренесен во тетовската болница каде му се констатирани полесни телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Тетово. ас/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка