Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Играч на Монако казнет за половина година за туркање на судија

Играч на Монако казнет за половина година за туркање на судија
Img 7972

Монако, 6 март 2020 (МИА) – Офанзивниот фудбалер на Монако, Желсон Мартинс доби исклучително тешка казна. Португалскиот репрезентативец е осуден од француската федерација за период од 6 месеци за туркање судија во натпревар од Лига 1.

Ова се случи на 1 февруари годинава во поразот на Монако од Нимс со 1:3. Тогаш Мартинс остро реагираше кога судијата му покажа црвен картон на неговиот соиграч Бакајоко. Последователно, самиот Желсон беше избркан за неговата реакција, по што ги испушти нервите и го турна судијата.

Француската федерација го опиша ова како „брутална акција“ и му изрече тешка казна на неговиот клуб Монако.

Па така, Желсон Мартинс нема да игра повеќе во натпревари оваа сезона, што веројатно ќе има негативно влијание врз неговите шанси да стане дел од Португалија за ЕП 2020.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица