Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Општина Карпош почна со санација на повеќе детски игралишта.
– Имено, целосно се санираше детското игралиште во Влае 2, кај спортските терени, а етапно ќе се санираат детските игралишта и во другите населби, информираат од прес-службата на Општина Карпош.
Службите вршат поправка и санација на оштетените реквизити, клацкалки и лулашки, како и на заштитните огради.
– Локалната самоуправа работи и на целосно нови паркови за деца. Веќе е достапно игралиштето за Тафталиџе 2 и Нерези, кај „Рафаело“. Во тек е и постапката за изведба на детска зона во Карпош 1, на ул. „Иван Аговски“ (меѓу зградите 8 и 10). Исто така, нови детски игралиште ќе се направат и во Злокуќани и Карпош 3, соопштуваат од општината.
Од Општината ги повикуваат граѓаните на правилно и одговорно користење на овие игралишта, како и на урбаната опрема која е поставена во нивна околина (клупи за седење и корпи за отпадоци).фф/скс/