Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Со изведување докази, односно презентација на снимка од собраниската надзорна расправа за уривањето на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски, денеска продолжи судењето за предметот „ТНТ“ кој го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми.
Пред почетокот на рочиштето, претседателот на судечкиот совет Ставрев прочита меил од докторката која го прегледала обвинетиот Тони Трајковски за кого потврдува дека е во добра здравствена состојба и дека може да го следи судењето.
Адвокатот на обвинетата Елисавета Најдовска, Мерџан Даути побара од судот да биде прифатен како докоз документот од Агенцијата за вработување што го побарал врз основа на тврдењата на Цаноски на Надзорната расправа во Собранието дека доколку се урне објектот ќе останат без работа 300 работници.