Утрински Весник
Магазин

Во холандски супермаркет: „каса за разговор“ за осамените посетители

Во холандски супермаркет: „каса за разговор“ за осамените посетители
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амстердам, 6 март 2020 (/) – Осаменоста кај повозрасните луѓе е честа појава во цел свет. Според истражувањата повеќе од половина од луѓето над 55 години, страдаат од осаменост. Овој проблем го забележале и луѓето во супермаркетот Џамбо во Влијмен, Холандија.

Имено, оттаму воведоа „каса за разговор“ и „ ќоше за кафе-разговор“. Идејата е повозрасните посетители на продавницата да можат да пијат кафе, да се дружат, да запознаваат свои врсници, да зборуваат за нивниот ден, па дури и да побараат помош. И, сè тоа наиде на огромно одобрување, според коментарите на купувачите.

Проектот е одобрен од холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонг. Во него учествуваат доброволци од хуманитарна организација за помош на стари лица. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“

Авторот на „Кол оф дјути“, Винс Зампела загина во сообраќајка