Утрински Весник
Македонија

Хуманитарен фудбалски турнир викендов во Демир Хисар

Хуманитарен фудбалски турнир викендов во Демир Хисар

Демир Хисар, 6 март 2020 (МИА) – Општина Демир Хисар викендов организира хуманитарен турнир во мал фудбал.

На традиционалниот меѓунинституционален спортски напревар годинава ќе настапат рекреативци, вљубеници во фудбалот, вработени во администрациите на Општина Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница, општинските училишта „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“, вработени во Полициска станица Демир Хисар, ЈЗУ Здравствен дом, Подружница шумско стопанство „Бигла“ и вработени во Шумска полиција.

Натпреварите ќе се одиграат утре и в недела, а покровител на хуманитарниот меѓуинституционален турнир во мал фудбал е градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски. мт/вј/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч

Делумно прифатен амандманот на Левица – обезбедени 2 милиони денари за СОС линија за жртви на семејно насилство