Утрински Весник
Македонија

Облачно и ветровито, од попладне дожд

Облачно и ветровито, од попладне дожд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Врнежи од дожд во западните и северните делови од земјава се очекуваат од денеска попладне. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Претпладне времето ќе биде облачно со утринска температура од -5 до 1 степен и дневна од 6 до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до – 1, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Синоптичарите најавуваат и за сабота умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери