Утрински Весник
Македонија

Изложба „Цртам за мојата мајка“ во Детскиот културен центар „Карпош“

Изложба „Цртам за мојата мајка“ во Детскиот културен центар „Карпош“

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Детскиот културен центар „Карпош“ – Скопје денеска ќе ја организира традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.

Изложбата ќе биде отворена денеска со почеток во 10 часот во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“. Децата од градинките ќе изработуваат честитки и цртежи за мајките и жените.

Организаторот соопшти дека како и секоја година на манифестација ќе има гостинка, која е мајка и сопруга и ќе раскажува за нејзината работа и професија. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјани да се подготват за грејната сезона – ЕСМ предупредува што мора да се провери

АА: Полициското насилство мора да се истражи до крај, ВЛЕН не смее да молчи

(Видео) СДСМ: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка